ВИЕНА
НОВОГОДИШЕН АРАНЖМАН - ВИЕНА - Автобуски превоз
Раскошна, убава и богата. Многумина ќе се сложат дека ова е идеална комбинација. Виена со право го носи епитетот на дама меѓу останатите европски метрополи. Првата слика што ќе Ви се појави со самото спомнување на овој град, е славното и богато минато од времето на Хабзбурговската монархија, како и златните времиња од творештвата на Моцарт,Штраус,Бетовен... Преубавата барокна престолнина ќе Ве плени со дворците Хофбург и Шенбурн, палатите Белведере и Шварценберг, катедралата Св. Стефан, Карловата црква, но и со нејзините театри, опери, паркови, национални ресторани..
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:
1 ден -30.12.2011 Состанок на групата од пред Дрво Декор-Скопје во 17:30 часот. Поаѓање кон Виена со попани паузи заради одмор и царински формалности.
2 ден - 31.12.2011 Пристигнување во Виена во претпладневните часови. Сместување во хотел. Краток одмор. Разглед на градот со локален туристички водич (факултативно). Слободно попладне и подготовка за вечерната Новогодишна прослава на некој од повеќето плоштади.
3 ден - 01.01.2012 Појадок. Слободно претпладне. Во попладневните часови посета на дворецот Шенбурн- летниот замок и парковите, Белведере, Опера, Ратхаус...Враќање во хотел. Вечера.Ноќевање.
4 ден - 02.01.2012 Појадок. Одјавување од хотелот. Посета на некој од познатите трговски центри, а во 16:00 часот заминување на групата кон Македонија.
5 ден - 03.01.2012 Пристигнување во Скопје во претпладневните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 169 еуро
|
Во цената е опфатено:
|
Во цената не е опфатено:
|
| Напомена |
|

