The best of Macedonia-Explore Macedonia
5 дена/автобуски превоз
1 ден-Пристигнување во Скопје во утринските часови. Сместување во хотел. Краток одмор. Факултативно ручек во ресторан.Попладнето е планирано за посета на Скопскиот регион. Ви предлагаме две варијанти. Едната е да се посетат манастирите Св.Пантелејмон, во Нерези, или Св.Андреја, на Матка, Марков Манастир, или Св.Никита, во близината на Скопје, каде се сконцентрирани голем број на споменици на културата, но се богати и со живописна природна околина ( Ви препорачуваме адекватни обувки заради ридско-планинскиот терен). Другата варијанта е да останеме во градот и да ја посетиме црквата Св.Спас, каде се наоѓа гробот на Гоце Делчев, посета на Кале, споменикот на Мајка Тереза и старата скопска чаршија.Во приквечерните часови, враќање во хотел, одмор. Вечера. Слободна вечер за прошетка низ Скопје. Ноќевање.
2 ден- Појадок. Се упатуваме кон Дебар, заради посета на манастирот Св.Јован Бигорски, скриен во прекрасната и живописна околина на реката Радика. Манастирот чува делови од мошти на повеќе светци- Св.Јован Крстител, Св.Петка, Св.Марија...Неговата посета е нешто што не може да се прераскаже. Може само да се препорача! Патувањето го продолжуваме кон Струга. Сместување во хотел. Ручек-факултативно, во национален ресторан. Слободно попладне за прошетка низ Струга. Вечера. Слободна вечер, која може да се искористи за вечерна посета на преубавиот град Охрид. Враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден- Појадок. Се упатуваме кон Охрид. Разгледувањето на градот го започнуваме со посета на Самоиловата тврдина, па слегуваме кон градот. Најпрвен наидуваме на црквата Св. Богородица Перивлепта- во која почиваат моштите на светецот Климент. При излегувањето од црквата, че го посетиме гробот на големиот поет Григор Прличев- македонскиот Хомер. Потоа се упатуваме кон црквата Св. Климент Охридски на Плаошник. Ова место че Ве воодушеви со прекрасната гледка кон езерото, а во природно создадената платформа, не може а да не се забележи црквата Св. Јован Богослов - Канео. Слегувајќи кон градот го посетуваме Античкиот театар, катедралната црква Св.Софија, куќата на Робевци-денес археолошки музеј и куќата на Уранија-денес етнолошки музеј. Старата охридска архитектура никого нема да остави рамнодушен. Факултативно-ручек во национален ресторан (секако да се проба познатата Охридска пастрмка). Додека сме сеуште под импресија на впечатокот кој го оставило времето во овој град на УНЕСКО, се упатуваме кон манастирот Св.Наум и посета на Билјанините извори. Враќање кон хотелот, одмор. Вечера. Слободна вечер за прошетка низ Охрид. Ноќевање.
4 ден- Појадок.Патувањето го продолжуваме кон Прилеп-регион кој исто така изобилува со голем број споменици на културата, како што се манастирот Трескавец, Св.Арахангел Михаил, Св.Димитрија, и Св.Никола во Варош. На пладне ручек-факултативно во национален ресторан-Македонска куќа, каде можете да ги пробате најпознатите македонски специјалитети и секако прилепски ширден. За оние поиздржливите, им препорачуваме посета на уште еден манастир кој се наоѓа во Кичево, а тоа е Св.Богородица Пречиста, во кој е обичај да се проба од светата вода за здравје, или пак да се одбере посетата на малото преубаво планинско градче-Крушево (карактеристично по неговата архитектура) и да се ужива во чистиот воздух и мирисот од боровата шума. Во попладневните часови се враќаме во Прилеп и го посетуваме атељето за резба-Топчиески, каде слободно може да се купи по нешто од преубавите резби на прилепскиот мајстор на овој занает. Враќање во хотел,одмор. Вечера. Слободна вечер за прошетка по старата прилепска чаршија, која по наше мислење е една од најубавите во македонија.
5 ден- Појадок. Патувањето можеме да го продолжиме кон Кратово,заради посета на Лесновскиот Манастир, или кон Крива Паланка, заради посета на манасторот Јоаким Осоговски, или пак да се одлучиме за патување кон Струмица, заради посета на манастирите Вељуса и Водоча. факултативен ручек во национален ресторан, во градот зависно од одбраната релација.
Во попладневните часови, со една топла порака за уште едно видување, се напушта Македонија.
А за оное посетители, кои повторно ќе дојдат, да споменеме дека Македонија крие уште многу други интересни и значајни културно-историски споменици, во кои сеуште се чувствува духот на времето што поминало.

