Услови


Општи услови за патување

Цена

Во цената се опфатени само условите наведени во програмата, организаторот може да ги зголеми цените на аранжманот и да бара доплата доколку е дојдено до промени на цените на хотелските услуги, промени на тарифата на превозот и промена на курсот на пазарот.
Во цената на аранжманот не е пресметано следното:
- Трошоците кои патникот ќе ги направи самиот (телефонски разговори од собата, трошоци за факултативни излети, аеродромски такси кои не се пресметани во програмата).

Резервација-упис

При резервација странката уплаќа 30% од вредноста на аранжманот, остатокот се уплаќа најдоцна 7 дена пред поаѓање.

Откази

Во случај на отказ патникот е должен да плати:

   1. За отказ до 2 дена пред поаѓање се задржува износ од 90% од цената на аранжманот.
   2. За отказ од 3-5 дена пред поаѓање се задржува иснос од 70% од цената на аранжманот.
   3. За отказ од 6-15 дена пред поаѓање се задржува иснос од 50% од цената на аранжманот.
   4. За отказ преку 15 дена пред поаѓање се задржува иснос од 10% од цената на аранжманот.

Аванс

Во случај на отказ авансот не се враќа.

Одговорност на реализаторот

Организаторот не може да ја превземе одговорноста за штети кои би можеле да настанат со измена на програмата поради виша сила. Организаторот го задржува правото да го откаже или одложи патувањето во случај на недоволен минимален број на патници предвидени спрема програмата, најмалку 7 дена пред поаѓање. Во тој случај организаторот е должен да му ја врати уплатата во целост во рок од 8 дена од отказот и патникот неможе да бара никакво обештетување. Организаторот од оправдани причини, делумно може да ја измени програмата, а при тоа да го известии патникот најмалку 7 дена пред поаѓање, ако патникот се откаже од патувањето да му се врати во целос уплатената сума во рок од 8 дена. Организаторот може од оправдани причини да изврши замена на договореното сместување за објект од истата или повисока категорија (на своја сметка), а во случај на замена на пониска категорија, ќе го обештети патникот во износ од стварната разлика во цената помеѓу две сместувања.

Багаж

Во случај на оштетување или губење на багажот, барањето за надокнада и обештетување, патникот е должен да го даде директно на авто-превозникот, дирекцијата на хотелот или агенцијата која врши автобуски превоз, во зависност од тоа каде дошло до губење или оштета.

Патни исправи

Секој патник должен е да обезбеди важечки пасош за патување во странство. Организаторот не превзема никаква одговорност доколку пасошот е неисправен или доколку патникот го изгуби пасошот. Организаторот на патувањето не превзема никаква одговорност доколку дипломатско-конзуларното претставништво го одбие издавањето на виза или емиграционото одделение на странската земја во која се патува не одобри влез во неа.

Програма 5 до 12

Пролетни аранжмани

..

Повеќе...