Најдоброто од Македонија



Дали знаевте, дека...

- Нашиот рубин е еден од ретките по својот квалитет во Европа. Во самиот мермер во рудникот „Сивец„ кај Прилеп, се наоѓаат лежишта на минералот корунд, кој по својата боја спаѓа во групата на најценетите и најбараните рубини.
- Алшар е рудник на планината Кожуф, во кој за прв пат е откриен талиумовиот минерал лорандит. Тој е редок минерал со голема апсорпциона моќ на енергија, со кој се смета дека би можело да се дојде до бесплатна енергија.

- Пештерата во Пешна, која се наоѓа на неколку километри од македонски Брод, „Њујорк Тајмс„ ја опишува како идентична на онаа од филмот „Господарот на прстените„. Според спелеолозите, оваа пештера има најголем влезен отвор, но по природно создадените необични фигури од сталактити и сталагнити, пештерата е една од ретките од ваков вид на Балканот.

- Во темелите на манастирот „Св.Богородица Пречиста„ кај Кичево, има делови од крстот на кој бил распнат Исус Христос. Во внатрешноста на црквата има извор со вода, за која многумина верници сметаат дека е лековита.

- Лесновскиот манастир е прва монашка република на Балканот. Се до 40-тите години на 19-иот век, во манастирот се наоѓала најголемата библиотека на Балканот, со огромен фонд на книги собирани од најстарите времиња и од различни краеви, но и создавани тука, на автохтоното македонско подрачје.

Програма 5 до 12

Пролетни аранжмани

..

Повеќе...